Почитувани,

Додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаа државата заради лошите, криминални политики на власта, Никола Груевски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно се богатат.

Таков е примерот и со градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат хајка против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат а молчат за огромните суми пари, што токму преку СОРОС ги има добиено Ратко Димитровски.

DSCN1377

Еве овој Извештај покажува дека Ратко Димитровски, за печатницата „Европа ’92“ од СОРОС има добиено речиси 800.000 евра.

Ова е веројатно најголемата сума што некој во Македонија ја има добиено од СОРОС.

Јасно е, секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири, нападите на борците за демократија се само параван за прикривање на криминалните активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Правда ќе има, а Македонија ќе биде општество со еднакви можности за сите!

ОО на СДСМ – Кочани

Кочани, 16.06.2016 година

DSCN1363

1

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари