Во организација на Фудбалската академија „Младост Тошев“ од оризари во Сабота и Недела во Оризари ќе се одржи Првиот детски Фудбалски Турнир „оризарски Куп 2016“.

На турнирот своето учество го потврдија екипите на: „Постолов Пандев“, „Куманово“, „Осогово“, „Брегалница“, „Зрновка“, „Слога“, „Фудбал Старс“, „Еуроспорт“, „Фортуна“ кои заедно со организаторот „Младост Тошев“ ќе се борат за највисок пласман.

Организаторот на турнирот обезбеди пехари, медали и Дипломи за најуспешните екипи а ќе бидат прогласени и „Најдобриот голман“ и „Најдобриот играч“.

Натпреварите започнуваат во сабота во 09:00 часот.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари