Со натпреварите од „Државното првенство“  во „А“ лигата кај момчињата и девојчињата и во „Б“ лигата кај момчињата, денес во Битола заврши првиот дел од годинешниот шампионат во гимнастика.

На првенството КГС „Кочани“ настапи со 15 натпреварувачи, од кои 14 кај момчињата и 1 кај девојчињата.

Во „А“ лигата

Во категоријата „помлади пионери“ првото место го освои Филип Ангелов а второто Иван Иванов.

Во категоријата „млади јуниори“ гимнастичарите од КГС „Кочани“ во екипна конкуренција го освоија златниот медал а во поединечна ги собраа сите медали. Ристе Симеонов го освои првото место, Димитриј Спасов беше втор а на третото место на пиедесталот се искачи Даниел Димитров.

Во категоријата „постари пионери“ Антонио Јаношевиќ е прв, а кај „јуниорите“ Стојан Анастасов е втор. Кај „сениорите“ Петар Каров го освои третото место а кај „јуниорките“ Јана Николова беше втора.

Во „Б“ лигата во категоријата „постари пионери“ Дамјан Горгиев заврши како втор, а Мартин Стојанов како трет.

Од пласманот и да не сакат во КГС „Кочани“ мора да бидат задоволни, бидејќи во сите категории гимнастичарите и гимнастичарките покажаа одлични вежби и високи достигнувања.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари