Фудбалерите на ФК „Фудбал Старс“ од Кочани со две втори места и едно трето се враќаат од Меѓународниот фудбалски турнир „Езерски бисер 2016“ кој од 17 до 19 јуни се одржа во Струга.

Турнирот кој го организира локалниот ФК „Караорман“ привлече голем број на екипи од Македонија, Грција, Албанија и Чешка.

2

Екипата на „Фудбал Старс“ настапи со генерациите 2003, 2004 и 2005 година и освои две втори места (2003 и 2004) и едно трето место (2005).

Во сите три генерации голманите на „Фудбал Старс“ го понесоа епитетот „Најдобар голман“: Томо Кузманов (2003), Милан Илиевски (2004) и Лазе Гичев (2005), а Славче Живков (2003) беше прогласен за најдобар стрелец.

На одлично организираниот турнир беа прикажани мошне добри натпревари а на истиот продефилираа и голем број на талентирани фудбалери за кои би требало во блиска иднина уште повеќе да се слушне.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари