Во организација на Планинарскиот Клуб „Руен“ од Крива Паланка во неделата беше организиран „Планинарски марш“ на кој учествуваа голем број планинари од повеќе планинарски здруженија од Македонија.

Маршот започна од м.в. „Ловечка куќа“ со крајната цел „Царев Врв“ (2.085 метри). Планинарите од Крива Паланка, Куманово, Пробиштип, Кочани (ПД „Осогово“ и ПД „Москито“) и други градови од Македонија патеката долга 19 километри ја поминаа без проблеми, а ја посетија и месноста „Калин камен“ (1884 метри) од каде се гледа прекрасното планинско езеро (1.700 метри).

Организаторот за сите учесници приреди ручек со познатото планинарско гравче, а беа и врачени Благодарници за учеството на маршот.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари