Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в петок, на 24 јуни, од 05:00 до 10:00 часот наутро, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци– широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретманот ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и во поголемиот дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општина Кочани.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.

Лицe за контакт: Гоце Серафимов, 072/275-629.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари