По пауза од 35 година вчера (Среда) и официјално се формираше „Извидничкиот одред“ во Кочани. Така решија поканетите делегати на Основачкото Собрание на кое беа донесени и повеќе конкретни одлуки.

Донесена е одлука Извидничкиот одред да го носи името „Ластовица“ а зелената, жолтата и сината боја да ја красат извидничката марама.

За Претседател на одредот е избран Благој Петров – професор по физичко воспитување при ОУ „Раде Кратовче“, а за Секретар-Координатор е именуван Сашко Стефановски – професор по географија во ОУ „Никола Карев“.

Меѓу другото донесени се одлуки за формирање Извршен и Надзорен Одбор а на состанокот беше усвоен и Статутот на одредот.

На почетокот е планирано во одредот да членуваат дечиња на возраст од 10-15 години за да подоцна според интересот се формираат и останатите категории.

Досега членовите на новоформираниот одред „Ластовица“ во соработка со „Сојузот на извидници на Македонија“ учествуваа на неколку кампувања и сплаварења кои предизвикаа позитивни реакции кај нив што и беше знак за формирање на одредот.

С.Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари