„Општинскиот Спортски Аактив КОЧАНИ“ (ОСА) за потребите на проектот „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото „Гратче“ – Општина Кочани“, кој се изведува преку Програмата за зачувување на природата на Република Македонија, завршува со спроведување на третата фаза од проектот со тоа што останува уште една работилница која треба да се одржи во Сабота со спортските здруженија. Она што беше предвидено со третата фаза е завршено:

2

– Изработка на корпи за отпадоци и клупи кои се поставени во близина на водопадот;

– Изработка на видиковец, седечки гарнитури и ограда, со кои се подобри пристапноста и условите за одржување на едукативни предавања/презентации на различни категории на заинтересирани страни (ученици, студенти, локално население кое ги користи екосистемските услуги, туристи и сл.) за значењето и заштитата на природата и нејзиното одржливо искористување;

4

– Одржани работилници, со учениците од Едукативниот центар „Кликер“ на тема: Идентификација на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото „Гратче“, со цел едукација за природните убавини и биолошката разновидност;

– Работилница со школата за цртање од центарот за Културата „Бели Мугри“ – Кочани на тема : Отсликување на амбиентот на локалитетот на Водопадите на езерото „Гратче“

3

– Промотивен материјал – флаери на Англиски јазик со сите информации за биолошката разновидност за Водопадите на езерото „Гратче“.

Проектот завршува целосно на 01 Јули така што тоа што е направено останува да се грижи и да го одржува Општина Кочани.

6

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари