Од 02. Јули до 02. Август, Чешиново ќе биде центар на фудбалските збиднувања. На програмата се 44-тите по ред Илинденски Спортски Игри „Чешиново 2016“.

Несомнено е дека и годинава на еден од најстарите фудбалски турнири на Балканот ќе продефилираат 16 квалитетни екипи распоредени во 4 групи кои по одигрувањето на 31 натпревар ќе го дадат годинешниот победник.

1

Годинешните Илинденски Спортски Игри ќе бидат збогатени и со одигрување на шах, а како што не информираше организаторот ќе се вози и велосипедска трка.

Во тек е пријавувањето на екипите, а во Сабота во 20:00 часот ќе бидат познати екипите во четирите групи.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари