Болеста Јазлеста кожа не го заобиколи ниту Кочанскиот регион. Сопствениците на говедата револтирани зошто и по два месеци ветување уште нема набавено вакцини го пријавуваат своите заболени грла кои посебни стручни служби ги носат на уништување.

Дознаваме дека Општината Кочани веќе имала ископано дупка во близина на селото Пантелеј каде се закопани некои од заболените говеда, а сега се бара нова локација за уништување на овие заболени говеда кои допрва треба да се утврдат.

Сопствениците на говедата се изненадени од односот на државата бидејќи иако јазлестата кожа веќе неколку месеци се шири насекаде уште се немаат набавено вакцините за спречување на нивното ширење.

„Имам 15 говеда за кои по двапати годишно вршам проверка на крвта. Ако веќе сум имал некое заболено од говедата не ми е јасно зошто надлежните не ме правовремено информирале па сега морам да ги пријавам заболените говеда за да ги однесат на уништување. Некој не си ја сфати сериозно работата во државата. Вакцини нема а говедата умираат, некој ќе мора да понесе голема одговорност“ видно возбуден ни раскажуваше еден наш сограѓанин за злото што ги снашло неговите говеда.

Во исчекување сме на нови сознанија околу оваа болест. Најавено е дека вакцините ќе треба да пристигнат а дали тоа и ќе се оствари, ќе видиме.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари