Само два дена по завршувањето на Проектот „Промоција на природните вредности и биолошката разновидност на Водопадите на езерото „Гратче“ – Општина Кочани“ што ги спроведе Општинскиот спортски актив „Кочани“ (ОСА) се почувствува и првите благодети од него.

2

Имено за време на викендот дваесеттина дечиња, членови на Кошаркарската школа „Баскет Дино“ и КГС „Кочани“ имаа интересна настава во природа. Во координација со ПСД „Осогово“ од Кочани дечињата освен првите чекори за движење и запознавање со природата имаа и неколку едукативно-забавни работилници.

Овој потег што го направија за време на викендот дечињата од спортските школи е добар патоказ и за другите спортски клубови и спортски школи во чии редови има доста мали дечиња, да дојдат, да ги видат Водопадите на езерото „Гратче“ и да ја почувствуваат убавината на природата.

3

4

6

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари