Во општинската зграда во село Чешиново, во саботата беа извлечени четирите групи за годинешниот фудбалски турнир на 44-тите „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2016“.

Турнирот ќе биде отворен на 02.Јули во 17:00 часот со обраќањето на Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Костадин Личков, за да потоа на програмата биде и натпреварот на минатогодишниот победник „Бање“ и „Ново Село“.

Шеснаесетте екипи кои го пријавија учеството за годинешниот фудбалски турнир се поделени во четири групи:

Прва група: Бање, Карбинци, Кучичино и Ново Село.

Втора група: Чифлик, Таринци, Грдовци, Пишица.

Трета група: Теранци, Караорман, Спанчево, Малеш

Четврта група: Чешиново, Жиганци, Крупиште, Соколарци.

Финалниот турнир ќе се одржи на најголемиот Македонски празник Илинден, на 02.Август.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари