Се известуваат граѓаните и институциите на Кочани дека в среда и четврток (29 и 30 јуни) стручна екипа ќе спроведе превентивна дезинсекција од земја заштита од комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 до 3 часот, со апаратура за УЛВ-ладно запрашување поставена на пикап-возило, на коешто ќе му претходи друго возило со ротационо светло.

Во оваа фаза со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 300 хектари во градското подрачје на Кочани и во селата Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари .

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари