Уште една прекрасна музичка вечер им приреди на љубителите на музиката Тиана Јовиќ со нејзината флејта. Голем број на роднини, пријатели и љубители на класичната музика се собраа вечерва во малата сала на прекрасниот Ресторан „Амор“ во Кочани.

Дојдоа и уживаа во сето она што им го музицираше Тиана Јовиќ во пијано придружба на Ивана Јакимовска, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

2

На концертот Тиана се претстави со композиции од Штамиц, Моцарт, Доницети, Келер и Милоти, композиции со кои таа годинава настапи на неколку Меѓународни и Државни натпревари и каде освои повеќе награди, меѓу кои почесното место го заземаат првите освоени места на „ФЕМУС“ во Суботица (Република Србија) и „Полихимнија“ во Скопје.

Јовиќ е ученичка на Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“ во Скопје под менторство на професорката по флејта Симона Марочковска Манојловска.

С. Ивановски

3

4

5

6

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари