Директорите и наставниците од двете средни училишта во општината искажаа задоволство од пријавени ученици во првото пријавување во првиот уписен рок.

Бидејќи годинава за околу 100 ученика е намален бројот на ученици кои ја завршија деветолетката тогаш бројката на вкупно пријавени 292 (146 во ЕМАУЦ „Гошо Викентиев“ и 148 во СОУ „Љупчо Сантов“) е задоволителна ако се знае дека 350 ученика го завршија деветтото одделение.

Инаку во ЕМАЦ „Гошо Викентиев“ најголем интерес имало за Компјутерска техника и автоматика каде се пријавиле 36 ученика, а интерес имало и за машинската и електро струка, Во СОУ „Љупчо Сантов“ повеќе се пријавиле за економската струка (84), отколку за гимназија (64).

Според податоците кои ги добивме во ЕМАУЦ „Гошо Викентиев“ вкупно можат да се запишат 408 ученика во 12 паралелки, а во СОУ „Љупчо Сантов“ 272 во 8 паралелки.

Резултатите од првото пријавување во првиот уписен рок ќе бидат објавени на 30 Јуни (Четврток) а второто пријавување во првиот уписен рок е закажано за 04 Јули.

Вториот уписен рок е во месец Август.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари