Во Понеделникот во претпладневните часови мала недоумица создадоа промените кои се правеа на југозападниот дел од фасадата на зградата од „Шопинг Центарот“. Свесни дека нешто се случува без нивно знаење дел од сопствениците на дуќаните револтирани почнаа да се собираат за да ја побараат правдата. Но набргу како што почна, така и заврши, а работите си дојдоа на своето место.

За кратко време со дигалка беа поставени метални носачи на фасадата за да денес по поставувањето на металната рамка се постави видео бим.

Претпоставките во чија сопственост е видео бимот и за која намена се постави бргу беа разрешени.

Се работи за приватна компанија која добила согласност од сопственикот на дуќанот чиј ѕид го дели видео бимот и дуќанот за да истиот се постави.

Компанијата има за цел да го рекламира бизнис секторот во Кочани.

Од денес видео бимот е ставен во функција.

С. Ивановски

DSCN1546

DSCN1717

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари