Минатогодишниот победник на Илинденските Спортски Игри „Бање“ со победа ги отвори и годинешните 44-тите по ред совладувајќи ја екипата на „Ново Село“ со 3:1 (2:1).

Бањани за мошне краток период постигнаа два гола и почнаа да играат на моменти неодговорно со што беа казнети во последната минута од првото полувреме. Голот како да им даде крилја на играчите на „Ново Село“ па во второто полувреме создадоа две стопостотни прилики за гол кои на нивна жалост не ги реализираа. „Бање“ победата ја осигура во последните минути од натпреварот.

На вториот натпревар „Карбинци“ со високи 4:1 (2:1) го совлада „Кучичино“ и ја наметна својата кандидатура за висок пласман.

Игрите продолжуваат во Четврток кога на програмата се натпреварите од втората група:

17:00  „Чифлик“ – „Пишица“

19:00  „Таринци“ – „Грдовци“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари