Трендот на неквалитетно асфалтирање на улиците во Кочани продолжува. Новата улица кај „Прокарка“ за која во изминатиот период пишувавме дека веќе ги покажува своите слабости, денес изгледа навистина грозно. На оние места каде изведувачот не знаел да направи улица според сите стандарди почнал да го сече асфалтот за да може улицата да ја искрпи.

Во Кочани како да е мода да повеќето нови улици ако не се крпени на почетокот и не можат да се сметаат за нови. Таква е состојбата и со улицата кај „Прокарка“.

Асфалтот е исечен, па сега оние што ја користат улицата и на која предвреме и се радуваа желно ќе го очекуваат изведувачот за да го заврши и она крпење кое го започнал за да можат учесниците во сообраќајот побезбедно да ја користат.

Дали за ваквото лошо изведување на работите изведувачот ќе сноси некаква одговорност тоа ќе треба да го кажат оние кои ќе треба да му платат за „завршената“ работа.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари