Во организација на Планинарските друштва од Македонска Каменица и Ќустендил (Бугарија) во неделата се одржа традиционалната Меѓународна планинарска средба на највисокиот врв на „Осоговските Планини“, „Руен“ со надморска височина од 2252 метри.
На средбата присуствуваа голем број на планинари од повеќето планинарски друштва а забележително беше и присуството на голем број рекреативци од кои некои на врвот се искачија со теренски возила.
Членови на Планинарското спортско друштво „Осогово“ од Кочани со своето присуство ја збогатија средбата а година искачувањето беше преку најтешката и најстрмна патека, од влезот во рудникот „Саса“ до врвот „Руен“ во должина од 12 километри во двете насоки.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.