По повод невремето што го зафати Кочани и околината во неделата доцна попладне, Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски одржа прес-конференција на која што истакна:

Вчера околу 18.30 ч. Кочани го зафати невреме проследено со обилен дожд, ветер и грмежи.

Под силата на ветерот попуштија неколку дрвја во „Лесна индустрија“ и во централниот дел на градот.

Според „Центарот за управување со кризи“, невремето откорна дрво во кругот на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ при што е направена штета на училишната ограда. Искршени дрвја и гранки паднале и во близина на компанијата „ТИНГ“, кон магистралниот пат А3. Територијалната противпожарна единица – Кочани, „Македонија пат“ и КЈП „Водовод“ интервенирале за нормализирање на состојбата и отстранување на последиците.

Од електричните празнења е настанат прекин на јавното осветлување во делови од селата Мојанци, Тркање, Горни и Долни Подлог и во градот на улиците „Скопска“, „Охридска“, „ Мородвиска епископија“ и „4 Македонска бригада“. Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектите во трафостаниците.

Вчерашното невреме во Кочани предизвика и поплава во едно од кочанските претпријатија во „Лесна индустрија“, поради што во текот на вчерашниот ден Територијалната единица интервенираше со испумпување на водата.

DSCN1763

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари