Одборот за доделување на највисоките нагри и признанија на Општина Кочани, на денешната седница, едногласно одлучи оваа година Наградата за „Животно дело“ постхумно да му ја додели на Иван Иванов-Балаш, поранешен директор на Фабриката за автомобилски делови „Руен“ од Кочани.

Наградата за „Значајни остварувања“ годинава ќе ја добие Танас Дедов, ликовен уметник од Кочани.

Наградените се избрани со гласање по пристигнатите 12 предлози, од кои 5 за животно дело и 7 за значајни остварувања.

Наградите ќе бидат доделени на свечената седница што по повод празникот Петровден ќе се одржи на 12 Јули.

DSCN8147

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари