Со цел што поефикасно да се спречи евентуално избувнатите пожари, денес во просториите на Локалната самоуправа – Кочани се одржа работен состанок на кој присуствуваа релевантните институции кои што се надлежни во делот на превенцијата од пожари.

Претставниците од Општина Кочани, ШС „Осогово“, ТППЕ – Кочани, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Шумската полиција, Полициската станица – Кочани и од КЈП „Водовод“ – Кочани на состанокот донесоа превентивни мерки за спречување на пожари на отворено.

Како еден од заклучоците е продлабочување на соработката помеѓу овие институции, но и формирање на мешани патроли составени од претставници на ТППЕ, Шумска полиција и ПС – Кочани кои што ќе имаат задача да го едуцираат населението со делење на летоци, како и да укажуваат на опасностите од пожари на отворено.

Од местото на состанокот беше упатен и апел кон населението да внимаваат со палењето оган на отворено.

Во акцијата за спречување на пожари на отворено се вклучи и „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“ кое од 06.Јули воведе ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси освен за лица со дозвола од „ЈП за стопанисување со државните шуми“, „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја.

0007

Најстрого се забранува и палењето на стрништа, плевел и други отпадоци во ловиштата, полињата и ливадите.

Ограничувањето за движењето во шумите и шумските појаси е секој ден од 07:00-1700 часот до 15-ти Август.

Од ограничувањето се изземаат организираните тури на туристи кои имаат за цел да ги посетат шумите и националните паркови, но задолжително со нив да има и придружба од претставници на „Македонски шуми“.

За сите оние кои нема да ги почитуваат овие одредби ќе се применува членот 106 од „Законот за шуми“ според кој ќе биде изречена глоба од 1.500 – 2.000 Евра во денарска противвредност.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари