Незадоволни од игнорантскиот однос на мнозинството од позицијата во Советот како и од власта во општината, денес советниците од опозицијата решија да ја напуштат седницата на Советот на Општина Кочани.

Причините поради кои ја напуштија седницата ги образложи советникот Љупчо Стојилков: „Ова е само еден елемент од она што континуирано се случува во самата Општина. Информациите ние како советници ги добиваме најчесто преку вас, медиумите, што не би требало да биде така и излегувањето беше еден знак на покажување на тоа дека ние не сакаме да бидеме само декор во Советот на Општината, туку сакаме да земеме активно учество во неговото работење и во донесувањето на одлуките. Вака се доведуваме во ситуација само ад-хок да не известуваат што е направено, без оглед на тоа дали ние се согласуваме или не. Очигледно дека на советниците од позицијата тоа не им пречи, но нам ни пречи ваквиот однос. Конкретна причина за напуштањето на оваа седница а за што претходно не беше дебатирано е  тоа што цената за паркирање на паркинг просторот е зголемена со реализација преку СМС пораките. Значи самите СМС пораки чинат повеќе отколку паркирањето. Тоа едноставно кажано ви е, како амбалажата да ви чини повеќе од продуктите што сакате да ги набавите“.

На напуштањето на опозицијата од денешната седница на Советот и претходеше расправа во која опозицијата бараше да се стави на дневен ред преиспитувањето на оваа нова давачка за корисниците во сообраќајот на што со објаснение реагираше Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски кое не беше прифатено од страна на советниците од опозицијата.

С. Ивановски

DSCN1884

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари