Денес во попладневните часови некој од граѓаните на свој начин се пошегувал на сметка на идејата за воведување на СМС пораки при паркирање.

Имено на неодамна поставената информативна табла тој ставил две пораки, кои во еден период го привлекуваа вниманието на минувачите.

Но „забавата“ со поставените содржини не траеше долго, за мошне краток период беше отстранета од информативната табла, но сепак фотографијата која ни беше испратена покажува за каква содржина се работи.

Да потсетиме токму воведувањето на СМС пораки при паркирање на возилата беше тема на расправа на денешната седница на Советот на општина Кочани по што опозицијата ја напушти седницата.

Очигледно е дека и граѓаните се во согласност со опозициските предлози да не се прифати ваквиот начин на наплата на паркирањето на возилата од причина што на досегашните 10,00 денари од час ќе се додадат дополнителни 11,80 денари за пријавување и одјавување со СМС порака.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари