На свечената седница на Советот на Општина Кочани кој по повод празникот на градот „Петровден“ се одржа во „Мултикултурниот Центар“ беа доделени годинешните највисоките општински награди.

На свечената седница најпрвин свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Кочани, а потоа беа соопштени имињата на годинешните добитници на највисоките општински награди.

Наградата за „Животно дело“ годинава постхумно му беше доделена на м-р Иван Иванов една од најмаркантните фигури во општествено-политичкиот живот на Кочани кон крајот на 20-тиот век, инаку долгогодишен директор на Индустријата за автомобилски делови „Руен“ од Кочани, Претседател на Извршниот совет на Општина Кочани и пратеник во Собранието на Република Македонија.

Наградата за „Значајни остварувања во развојот на Кочани“  ја доби ликовниот уметник Танас Дедов, еден од најпродуктивните ликовни творци од Кочани, чиј творечки опус се издвојува по карактеристичните мотиви и фрагменти од кочанското поднебје како и од македонската етнотрадиција, за што е добитник на голем број признанија а неговите слики ги красат кабинетите и домовите на голем број странски и домашни љубители на ликовната уметност.

На свечената седница беа доделени и признанијата за првенците на генерацијата од шесте основни и двете средни училишта во општината кои на 17-ти овој месец како награда од општината Кочани треба да заминат на летен одмор на островот Паг (Република Хрватска).

Со изведба на познати музички дела од Тамара Охомуш и професор Марија Лазарова заврши годинешната свечена седница

С. Ивановски

2

3

4

5

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари