Љупчо Николовски денес престојуваше во работна посета на кочанскиот регион каде оствари средби со сточарите и оризопроизводителите на кои се запозна со нивните проблеми од болеста „Јазлеста кожа“ кај стоката и соењето на речиси повеќе од половина ориз по амбарите од минатогодишната реколта.

„Поминаа три месеци како се појави болеста „Јазлеста кожа“, се чекаше на вакцината за која не беа обезбедени средства, се направија многу погрешни чекори од институциите кои што впрочем и самиот директор ги потврди. Клучното прашање е што нема ниту еден што е обештетен а му се угинати грлата, а вчера велат дека имало законски рок од 90 дена. Такво нема, нека покажат во кој закон стои рокот дека од 90 дена ќе ги обештетат. Ако има за споменици, за реклами, за нови фасади во Скопје тогаш итно треба да се обезбедат пари и за сточарите. Од ребалансот кој што е во тек тие скратија 15.000.000 евра од субвенциите за земјоделците“ им се обрати Николовски на сточарите во кочанско.

13680908_1813478958873635_1800765690933829021_n

По средбата пак со оризопроизводителите Николовски ја даде следната изјава за медиумите: „ Денеска сме на средби во Чешиново Облешево и во кочанско каде разговараме со оризопроизводителите околу производството и откупот на реколтата за 2015 година. Она што можеме да го забележиме тука е голема загриженост на земјоделците и на производителите на ориз затоа што половина од реколтата е откупена, но најголем дел од производителите сеуште немаат земено пари, односно истата не им е исплатена. Остатокот од оваа реколта не е откупена стои исто така во амбарите. Државата донесе одредена одлука којашто за едни производители важи – за други не важи. Тоа се дополнителни 3 до 5 денари по килограм арпа за оние коишто ќе го откупат, што ќе го дадат оризот само од 1-ви до 31-ви јули оваа година. Ова е двоен аршин којшто од страна на државата се третираат земјоделците. Ова е недозволиво во една држава. Впрочем, ова е резултат на хаотичните политики и на хаотичните изјави коишто токму од овој крај во претходниот период ги дадоа заменик министерот и министерот за земјоделство. Едниот во еден ден тврдејќи дека државата ќе го откупи оризот за стокови резерви, а за само после неколку часа, министерот даде спотивна изјава дека такво нешто не е овозможено согласно законот и за такво нешто Македонија нема обезбедено средства. Токму овие политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ се резултат на овие хаотични изјави, контроверзни, од страна на министерот и заменик-министерот. Но, она што како најголема одговорност овде го посочуваат земјоделците е токму ветувањето дадено од страна на екс-премиерот Никола Груевски. Токму Никола Груевски пред неколку месеци овде ја сечеше лентата на турската компанија за којашто ветуваа дека ќе откупува 120 тони арпа на ден и дека цената на килограм арпа 25 денари, а на бел ориз 50 денари“.

С. Ивановски

 

13726644_1813478932206971_7543429949947474155_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари