Паркирањето на возила на патеката за лицата со посебни потреби пред ламела „А“ во Градскиот Трговски Центар стана секојдневие.

Речиси секој ден по некое возило се паркира на патеката која од околните дрва нуди убава сенка па возилата на оние што наминуваат во овој дел на градот барем малку ќе бидат посвежи од оние кои се по цел ден на сонце.

Ако на оние што овде ги паркираат своите возила толкава им е сообраќајната култура, прашањето е каде е полицијата. Момчињата кои ги издаваат талоните за паркирање не сакат да се замеруваат бидејќи како што и самите велат тоа не е нивна работа, туку на полицијата. А полицијата за жал никако да напише барем една белешка. Се случува полицајците кои се на смена да поминат на еден метар од непрописно паркираното возило а да не сакаат ниту да погледнат а не пак да се фатат да пишуваат белешки.

Во петокот сликата беше малку трогателна кога едно од лицата со посебни потреби сакаше да се искачи на платото од Градскиот Трговски Центар, но бидејќи на патеката беше паркирано возило лицето со оној што му помагаше мораше да бара место од каде полесно ќе се искачи.

Ништо подобра не беше сликата и денес (Сабота) кога како по некое непишано правило на истата патека имаше повторно непрописно паркирано возило.

Минувачите со право негодуваат на ваквиот начин на изживување и бараа некој да почне да си ја гледа работата а не само да се шета а за шетањето да му отчукува работниот стаж.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари