Втор пазарен ден во Кочани а реакциите на оние кои имаат закупено тезги на пазарот не стивнуваат. Нивните реакции се сведуваат на една иста работа а тоа е не работењето на единствениот тоалет на пазарот.

„Не ги знаеме причините зошто еве веќе втор четврток по ред како тоалетот е затворен. По овие пеколни горештини ниту можеме тоалет да користиме, ниту имаме од каде вода да наполниме“ беше реакцијата на еден од постојаните продавачи.

Другиот со конкретно прашање: „До пред извесно време овде имаше вработено лице кое го отвораше и затвораше тоалетот. Зошто е затворен тоалетот и каде е сега вработеното лице знае ли некој?“.

Се надеваме дека од КЈП „Водовод“ кои сигурно не се запознаени со состојбата бргу ќе реагираат и веќе од наредниот пазарен ден се ќе биде како и порано.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари