Вечерва на повеќенаменското игралиште во Зрновци започна третиот по ред турнир во мал фудбал, насловен како Спортски Игри „Зрновци 2016“.

На турнирот чиј покровител е Општината Зрновци, годинава  своето учество го пријавија 16 екипи кои се поделени во четири групи.

За сите три првопласирани екипи организаторот обезбеди пехари како и парични награди. Првопласираната екипа ќе добие 15.000,00 денари, второпласираната 10.000,00 денари а екипата што ќе победи во „малото финале“ ќе добие 5.000,00 денари.

Организаторот на турнирот за „Најдобриот голман“ обезбеди голмански ракавици, за „Најдобриот стрелец“ – фудбалска топка а за „Најдобриот играч“ комплет дрес.

Финалето е закажано за 31.Јули.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари