„Верувајте со месеци не можеме да си седнеме во своите дворови и како луѓе да уживаме во она кое со години го имаме создавано. Непријатната миризба што доаѓа одозгора не ни дава можност како луѓе да се опуштиме во нашите дворови. Особено ни е непријатно во летниот период кога температурите се мошне високи„ коментираше еден наш сограѓанин додека седевме на клупите покрај реката.

Неговиот комшија уште погласен: „Еј замислете во 21 век да се дозволи цели фамилии да живеат во една зграда каде не постојат ни минимални хигиенски услови. Тоалети немаат, па кој каде ќе стигне. Вака не се живее повеќе, за да добијат неколку гласа на изборите ни довлечкаа луѓе од каде што стигнаа. Мора да му се стави крај на ова“.

2

И навистина, треба да имаш голема среќа да не живееш на улиците под и околу зградата на некогашната касарна. Овде човек треба да има голема храброст за да иде и да разговара со овие на диво населени семејства. Тоалети навистина немаат а во 21-век уште користат полски тоалети, па кога ќе им дојде крајот на нив, ги покриваат со земја и го поместуваат тоалетот на друга локација.

За време на големите горештини условите за живот на жителите на улиците под и околу „Старата касарна“ се неподносливи а ништо подобро не е и кога ќе заврнат поројни дождови бидејќи многуте недостатоци од дворот на „Старата касарна“ излегуваат на виделина.

„Старата касарна“ која е во самиот центар на градот станува извор на заразни болести. Но кој го тоа интересира кога секогаш партиите си имаат потенцијални гласачи во таа зграда иако тешко е за верување дека сите тие диво населени станари ги имаат сите документи дека пребивалиштето им е во Кочани.

Крајно време е да почнат во Локалната самоуправа да размислуваат каде да се дислоцираат овие семејства. Доколку навистина не поседуваат документи треба да се вратат од каде се дојдени, но ако во меѓувреме имаат жителство треба да се изнајде простор каде ќе бидат сместени.

Со тоа ќе се тргнат маките на жителите што живеат во непосредна близина на „Старата касарна“, а може конечно и да се направи некој нов проект со кој ова место ќе се урбанизира на поинаков начин и наместо да биде грубата слика на градот, да почне да го краси Кочани.

Сè се може, само доколку се има желба за такво нешто.

С. Ивановски

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари