Се одиграа натпреварите од третото, последно коло во „Група 1“ од годинешните „Илинденски Спортски Игри Чешиново 2016“.
Бидејќи по двете одиграни кола „Бање“ го беше обезбедила првото место, натпреварот „Ново Село“ – „Карбинци“ беше дерби на колото по кое ќе се знаеше и вториот патник во доигрувањето.
По доста возбудувања и игра со пресврти на крајот екипата на „Ново село“ славеше со резултат 3:1 (0:1). Екипата на „Карбинци“ поведе кон средината на првото полувреме кога по неуспешната офсајд замка нивниот најистурен играч изби сам и со одмерен лоб удар ја заниша мрежата на „Ново Село“.
Во второто полувреме се чини дека работите и квалитетот си дојдоа на свое место. Најпрвин играчите на „Ново Село“ го изедначија резултатот со удар од дваесетина метри за да во 63’ поведат по добро нафрлената топка и ударот со глава. Третиот погодок „Ново Село“ го постигна во последната минута од натпреварот.
Ако на првиот натпревар имаше доста возбудувања и пресврти на натпреварот „Кучичино“ – „Бање“ се беше познато веќе по првото полувреме кога „Бањани“ обезбедија водство од три гола разлика за да на крајот фаворитот „Бање“ славеше со 6:2 (3:0).
Судиската тројка на чело со Спире Арсов одлично го отсуди овој интересен натпревар.
Конечна табела:
1. Бање 9 (12:04)
2. Ново Село 6 (12:04)
3. Карбинци 3 (06:07)
4. Кучичино 0 (03:18)
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.