ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ИГРАЧИТЕ НА „ОСОГОВО“ БЕЗ ПОТ И МАКА СЕ ПРОШЕТАА НИЗ КАРБИНЦИ

Во Спорт
октомври 30, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 8-то коло во Трата Фудбалска Лига – Исток. Лидерот на табелата „Осогово“ иако очекуваше тежок натпревар на жешкиот терен во Карбинци, сепак се чини дека без пот и без мака си се прошетаа со трите бода во џебот. „Жолто-сините“ уште на самиот почеток ставија до знаење кој е кој на теренот и само беше прашање кога ќе започне голеадата. Првите два погодока се дело на денес расположениот за голови Јован Дојчинов кој во 12’ и 25’ ја затресе мрежата на домаќините и навести кој ќе биде газдата на натпреварот. Во 44’ Христијан Крстов зголеми ма 3:0 со кој резултат се замина на одмор, а истиот играч во 64’ само навести дека серијата на голови во мрежата на домаќините ќе продолжи и во вториот дел.

Во 73’ домаќините преку Стефан Стефанов со удар од белата точка само за кратко успеаја да го намалат високот водство на „жетварите“. Во 80’ Јован Дојчинов со својот трет гол зголеми на 5:1 а во последната минути од средбата Тоше Манов со шестиот гол во мрежата на „Карбинци“ покажа за колку класи кочанчани беа подобри од домаќините.

Во дерби на Колото во Свети Николе „Овче Поле“ ја преслуша „Тиверија“ исто како и „Брегалница (Делчево), „рибарите“ од Дојран.

Академците во Чешиново дојдоа до нови три бода на средбата со „Победа“ (В), а „Рудар“ со сигурна игра високо го порази фенерџијата од Богданци. Во Градско Балдовци „Малеш“ го совлада домаќинот и со три бода се враќа во Берово.

Резултати од 8-то коло:

„Карбинци“ – „Осогово“  1:6

„Ак. Чешиново-Облешево“ – „Победа (В)  3:1

„Овче Поле“ – „Тиверија“  3:0

„Рудар“ – „Вардарски“  6:0

„Брегалница“ (Д) – „Дојранско Езеро“  2:0

„Спартмани“ – „Малеш“  2:3

 

С. Ивановски