По повеќе од три децении пауза конечно седиштето или поточно дел од седиштето на Третата Фудбалска Лига – Исток се пресели во Кочани. Така одлучија членовите на УО на Третата Фудбалска Лига – Исток на изнудената седница што доцна синоќа се одржа во Штип.

Иако се најавуваше а и така е според Статутот на ФФМ дека Кочани комплет ќе го преземе управувањето на Третата Фудбалска Лига – Исток, не испадна така, „колачот“ е поделен бидејќи некој така по се изгледа одозгора наредил.

Имено, како што дознаваме по автоматизам со преместувањето на седиштето (еден дел) во Кочани за Претседател на Третата Фудбалска Лига – Исток е именуван Владо Андов на кого всушност оваа функција му ја препушти актуелниот Претседател на ОФС Кочани Љупчо Папазов, Комесарот за натпревари е од Кочани, Комисијата за молби и жалби ќе ја водат претставници од Општинските сојузи на Кочани, Струмица и Штип, Дисциплинскиот Комесар е од Пробиштип, Судиската комисија останува да ја водат претставници од Општинските фудбалски сојузи од Штип, Струмица и Свети Николе. Секретар и Комет администраторот останува во Штип.

Со ова се исполнија предвидувањата на добрите познавачи на фудбалската политика во државата дека сите страни со оваа поделба на „колачот“ на некој начин ќе бидат задоволени со што пак водечките луѓе од ФФМ си обезбедија голем број на гласови за Редовното или како што се навестува за Вонредното Собрание на ФФМ.

По синоќашната изнудена седница на УО на Третата Фудбалска Лига – Исток станаа сосема јасни зошто тоа македонскиот фудбал се наоѓа на 139-тото место на светската ранг листа.

С. Ивановски

DSCN0905

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари