ПС Кочани поднесе кривична пријава против С.П. (42) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот откако неовластено набавил опојна дрога марихуана од непознато лице од Велес за сума од 4.000 денари, на 19.07.2016 година заминал во Кочани со намера истата да ја продаде на лица корисници на опојни дроги за сума од 6.000 денари. На бензинска пумпа во с. Чешиново при извршен преглед на возилото дрогата била пронајдена од полициски службеници, која со потврда за одземени предмети, му била одземена.

СВР Штип поднесе  кривична пријава против   Е.Б. (25) од Кочани  поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично  дело „неовластено производство и пуштање во  промет на  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.  Пријавениот  како  затвореник во КПД-Штип  во текот на месец ноември 2015 година додека бил пуштен на викенд, неовластено заради продажба  од  непознато  лице  набавил  0,06 грама наркотична дрога  хероин која го препакувал во мали пакувања и ја внел внатре, а при личен претрес дрогата била пронајдена.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари