Со одигрувањето на третото коло завршија натпреварите во четирите групи на годинешните „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2016“. Познати се осумте екипи кои во Вторник и Четврток ќе ги одиграат 1/4 финалните натпревари.

Според до сега прикажаното сите четири натпревари гарантираат интересна и неизвесна завршница, но ако ништо друго барем според традицијата натпреварот „Чифлик“ – „Чешиново“ ќе биде дерби на четврт финалните натпревари

Резултати по групи:

Група  1

„Ново Село“ – „Карбинци“  3:1

„Кучичино“ – „Бање“  2:6

Екипата на „Бање“ е победник во групата со 9 (12:04) бодови, пред „Ново Село“ 6 (12:04), „Карбинци“ 3 (06:07) и „Кучичино 0 (03:18) бодови.

Група  2

„Чифлик“ – „Грдовци“  3:0

„Пишица“ – „Таринци“  0:3 (службен резултат)

Екипата на „Чифлик“ е прва со 9 (16:01) бода, пред „Грдовци“ 6 (05:03), „Таринци“ 3 (03:12) и „Пишица“ – дисквалификација.

Група  3

„Караорман“ – „Фудбал Старс“  9:2

„Спанчево“ – „Теранци“  2:3

Прва е екипата на „Теранци“ со 7 (12:03) бода, пред „Караорман“ 5 (10:03), „Спанчево“ 4 (05:04) и „Фудбал Старс“ 0 (03:20) бодови.

Група  4

„Соколарци“ – „Жиганци“  3:0 (службен резултат)

„Чешиново“ – „Крупиште“  2:2

На табелата со максимален број на освоени бодови 9 (11:05) е екипата на „Соколарци“, пред „Чешиново“ 4 (07:06), „Крупиште“ 4 (07:07) и „Жиганци“ 0 (01:08) бодови.

Во 1/4 финалните натпревари се среќаваат:

Вторник  (26.07) 

17:00  „Бање“ – „Караорман“

19:00  „Теранци“ – „Ново Село“

Четврток  (28.07)

17:00  „Чифлик“ – „Чешиново“

19:00  „Соколарци“ – „Грдовци“

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари