Шпекулациите завршија, договорот е потпишан,  „Брегалница“ од Штип и годинава ќе ги игра натпреварите во Првата Фудбалска Лига како домаќин во Кочани.

Денес беа извлечени натпреварувачките броеви за првенството 2016/2017 година. „Брегалница“ во првото коло кое е закажано за 7-ми Август ќе биде домаќин на „Ренова“.

На другите натпревари во првото коло се среќаваат:

„Победа“ – „Пелистер“

„Вардар“ – „Шкупи“

„Шкендија“ – „Силекс“

„Македонија ГП“ – „Работнички“

Натпреварите започнуваат во 17:30 часот.

За разлика од минатите првенства во годинешното ќе нема „плеј-оф“ и „плеј-аут“ туку екипите ќе играат четирикружен систем или по девет кола во секој круг, односно 36 кола вкупно.

Првиот дел од првенството, односно 18-тото коло ќе заврши на 04. Декември.

С. Ивановски

raspored-mfl-2016

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари