Просторот кој го избра „Комисијата за урбанизам“ на Општина Кочани за изградба на фитнес зона, започна деновиве да се подготвува. Локацијата која беше избрана е СРЦ „Бавчалук“ каде на простор од околу 200м² ќе бидат поставени 8 (осум) справи на кои истовремено ќе можат да вежбаат триесетина луѓе.

3

Изградбата на фитнес зоната е дел од проектот на „Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија“ а освен Кочани во овој проект се влезени уште 19 градови од државата.

Почетокот на подготвителните работи за изградба на фитнес зоната беа планирани во месец Октомври, но сепак од добро познатите причини се започна неколку месеци порано.

За изградба на фитнес зоната во Кочани планирано е да се потрошат средства во висина од 30.000 евра, а за целиот проект „Агенцијата за млади и спорт на република Македонија“ ќе ја чини околу 40.000.000,00 денари.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари