Кучињата скитници, или како ги поинаку нарекуваат бездомници се тема не само во Кочани туку и во останатите градови на државата. Деновиве порталот www.telegraf.mk излезе со текст за превентиви од каснување и за суми кои ќе можат да ги добијат сите оние лица кои ќе бидат нападнати и каснати од кучиња бездомници.

Како што пишува во текстот отштетата паѓа на товар на Општините, а доколку грижата за кучињата скитници е отстапено на некоја друга компанија тогаш компанијата и општината симболично ја делат отштетата која секако мора да му се исплати на оштетениот.

Така за нагрденост сумата изнесува 5.000,00 денари, за претрпена душевна болка 20.000,00 денари, за претрпени физички болки 35.000,00 денари и за претрпен страв 30.000,00 денари, или се вкупно 90.000,00 денари.

Во текстот понатака пишува, доколку лицето е каснато од куче бездомник тоа треба да го пријави случајот во институцијата надлежни за кучињата бездомници кои испраќаат екипа на самото место која го пронаоѓаат кучето и проверуваат дали истото има беснило.

Лицата каснати од кучиња бездомници ќе треба во рок од најмногу 24 часа да се јават кај својот матичен лекар кој во зависност од нанесената повреда ќе ги испрати или на инфектолог или на хирургија.

Се препорачува доколку раната е поголема и крвари, истата да се измие со сапун и вода и со стерилна газа да се спречи крварењето.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари