По одиграниот прв контролен натпревар во Берово против повратникот во Третата лига „Малеш“ кој заврши без победник 2:2, на ред се два контролни натпревари кои „Осогово“ во рок од четири дена ќе ги одигра на стадионот „Никола Мантов“.

Најпрвин во Среда „Осогово“ ќе му биде домаќин на „Турново“ а во Сабота го пречекува „Вардар“ од Неготино.

Убава шанса „жетварите“ со две второлигашки екипи да видат до каде се стигнати по месец дена подготовки, но убава можност и за неговите противници да си ги одмерат силите пред почетокот на првенството во Втората Фудбалска Лига кое е закажано за 13. Август.

И двата натпревари започнуваат во 17:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари