Екипите на „Бање“ и „Теранци“ се првите полуфиналисти на годинешните „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2016“. Тие денес ги совладаа своите противници и се на еден чекор од големото финале.

Мошне интересен, драматичен и полн со неизвесност натпревар одиграа „Бање“ и „Караорман“ во кој сепак за нијанса подобри беа „бањани“ и заслужено славеа со 2:1 (1:1).

Бањани поведоа во 28’ со автоголот на Алексовски за да на минута пред крајот на првото полувреме Ташков со извонреден волеј удар изедначи на 1:1. Победникот беше решен во 75 минута (се игра 2 х 40 минути) со извонредниот гол од слободен удар на Благојчо Коцев.

Вториот натпревар не донесе неизвесен фудбал бидејќи екипата на „Теранци“ беше многу подобра од „Ново Село“ и заслужено славеше со 3:1 (1:0).

И „Бање“ и „Теранци“ со нетрпение ги чекаат своите противници кои ќе бидат познати во четвртокот навечер некаде околу 21:00 часот.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари