Во рамките на подготовките за претстојните фудбалски првенства, денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ го одигра вториот, инаку прв контролен натпревар на домашен терен. Противник на кочанчани им беше екипата на „Турново“.

Во натпревар во кој како и што се очекуваше доминацијата ја имаа гостите и на крајот заслужено славеа со 3:0 (2:0).

Иако до почетокот на првенството во Втората Лига има уште две седмици играчите на „Турново“ покажаа добар фудбал од која мора да биде задоволен и шефот на стручниот штаб Јане Николоски. Гостите играа за сите деведесет минути, создадоа неколку поволни прилики за гол еднаш ја погодија пречката, еднаш дирекот и трипати ја затресоа мрежата на домаќините.

„Осогово“ се обиде колку толку да им парира на гостите но освен пречката на Натков во првото полувреме и ударот на Коцевски над пречката во второто полувреме, „жетварите“ друго ништо не покажаа.

2

„Осогово“ се подготвува повеќе од месец дена, но факт е дека одбраната е доста порозна, средина на теренот речиси и да нема а нападот е „мислена именка“.

Но кочанчани имаат уште повеќе од месец дена до почетокот на првенството, доволно време да ги средат своите редови и да атакуваат како што најавија кон првите три места на табелата кои гарантираат влез во Втората Лига – Исток. Но за да ја остварат целта и ветувањето тие ќе мора час поскоро да ангажираат барем по еден квалитетен играч во одбраната, средниот ред и нападот.

Но тоа си е работа на тренерите и на Шефот на стручниот штаб, а на сите останати се очекувањата дека идната година во овој ист период „Осогово“ ќе се подготвува за настапите во Втората Лига – Исток.

С. Ивановски

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари