Со двата гола на Аксентиев во последните десетина минути од натпреварот „Осогово“ успеа негативата од 0:2 да ја претвори во 2:2 и да се спаси од пораз од новиот второлигаш „Вардар“ од Неготино.

Иако први шанса да го отворат резултатот имаа домаќините кога ударот на Аксентиев гостинскиот голман го одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер гостите беа тие кои први ја затресоа противничката мрежа. Гостите беа во напад а домашната одбрана очекуваше офсајд иако беше очигледно дека еден од домашните играчи „заспа“ во својот шеснаесетник што резултираше со погодок во мрежата на „жетварите“.

Веднаш на почетокот на второто полувреме по еден центаршут од десната страна топката дојде до еден гостински играч кој рутинирано од неколку метри биеше во незаштитениот дел од мрежата.

Домаќините се разиграа кога беа направени поголем број на замени од двата тренера. Најпрвин Аксентие од 5-6 метри со удар по земја ја погоди мрежата за да само минута подоцна со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го погоди горниот лев агол.

Гостите се покажаа како екипа која може да одигра добар фудбал и да биде „тврд орев“ за многумина во второлигашкото друштво додека кај домашните играчи видлив е уморот од нон-стоп играњето натпревари на поединци на речиси сите фудбалски турнири во околината.

С.Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари