Се одиграа двата полуфинални натпревара по кои се доби одговор на прашањето: Кои екипи ќе го играат годинешното финале на „Илинденските Спортски Игри – Чешиново 2016“?

Во вторник на големиот Македонски празник „Илинден“ со почеток во 18:00 часот на програмата е големото финале „Чифлик“ – „Соколарци“.

Во првиот полуфинален натпревар играчите на „Чифлик“ ја покажаа големата форма во која се наоѓаат и убедливо ја совладаа екипата на „Бање“ со 4:0 (1:0).

Ако во првиот полуфинален натпревар победникот се знаеше уште на почетокот на второто полувреме во вториот „Теранци“ – „Соколарци“ победникот беше непознат се до последниот свиреж на одличниот Александар Ангелов. „Теранци“ поведе кон средината на првото полувреме по грубата грешка на голманот на „Соколарци“, но во последната минута од првото полувреме на радост на навивачката група „Соколи“, Соколарци го изедначи резултатот на 1:1 за да кон средината на второто полувреме и поведе со 2:1.

„Теранци“ се фрли на една карта. Неговите играчи атакуваа од сите страни, упатуваа удари од сите позиции, но гранитната одбрана на „Соколарци“ издржа и на радост на големиот број свои навивачи  обезбеди влез во големото финале.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари