Паметниот еднаш греши но сосема спротивниот ги повторува грешките, и тоа не еднаш, не двапати, туку во континуитет веќе неколку години наназад.

И годинава најголемиот Македонски празник „Илинден“ започна со положување цвеќе на споменикот на Никола Карев во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. Илинденецот, еден од неколкумината кои ги поставија темелите на оваа држава заслужува ваква почит, но истото го заслужуваат и „илинденците“ од 1944 од НОВ Раде Кратовче и Љупчо Сантов, чии бисти и денес ќе останеа без цвеќе, без почит, да не беше советникот Сашко Стефановски.

Имено по положувањето на цвеќе на споменикот на Никола Карев делегациите од Локалната Самоуправа, двете најголеми Македонски партии, од Сојузот на Борците од НОВ почнаа да си заминуваат, а советникот Сашко Стефановски во стил на вистински патриот кој си ја почитува историјата и си ја сака државата од неговото возило изнесе букет цвеќе и со оние делегати кои предвреме не си заминаа го положија на бистите на Љупчо и Раде кои си ги дадоа своите млади животи за денешната слобода, за денешната независна Македонија.

Секоја чест за Стефановски, но и голем срам за одговорните во Локалната Самоуправа.

Доколку навистина толку им е тенок буџетот и не можат да купат три големи букети, можеле наместо еден букет да купат три со по едно цвеќе и да им одадат почит на Илинденците и од 1903 и од 1944.

Но нели грешките ги повторуваат оние кои не си ја не само почитуваат, туку и не си знаат историјата.

С. Ивановски

2

3

4

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари