Екипата на „Чифлик“ е годинешниот победник на „Илинденските Спортски Игри – Чешиново 2016“ откако по негативата од 0:3 благодарение на погрешниот потег на клупата на „Соколарци“ дојде до 3:3  а по изведувањето на пеналите славеше со 4:2. По сето она што беше прикажано на овој турнир која од двете екипи во финалето да станеше победник немаше да биде незаслужено, но овој пат малку и спортската среќа им помогна на Чифличани да дојдат до шампионската титула.

Финалето предизвика голем интерес и по слободна проценка истото го следеа околу 2.000 гледачи, кои за жал видоа фудбал со многу тактичко надмудрување но и со доста возбудувањата.

Кон средината на првото полувреме „Соколарци“ поведе со 1:0 откако Атанасовски го лобуваше истрчаниот голман на „Чифлик“. Во 10-тата минута од второто полувреме Николов со евро-гол зголеми на 2:0, а кога Атанасовски по втор пат се запиша во листата на стрелците навивачката група „Соколи“ почна да му и се радува на првата освоена титула на овие четириесет и четврти игри.

И наместо да го дотолчат грогираниот противник „Соколарци“ дозволи нивниот противник да се врати во играта, почнаа да играат на време што на крајот им се освети.

На 15-тина минути пред крајот на натпреварот Андонов со удар надвор од шеснаесетникот го намали водството на противникот на 1:3. Пет минути подоцна „Соколарци“ остана со играч помалку откако Иванов непотребно за две минути заработи два жолти картони. И додека исклучениот играч ја напушташе играта од клупата на „Соколарци“ го повлекоа нај погрешниот потег на турнирот направија замена на голманите што се покажа како среќна за „Чифлик“ кој во последните пет минути со головите на Јанев и Стојановски успеа да постигне два погодоци и да се отиде на изведувањето на пенали.

Играчите на „Чифлик“ ги реализираа сите четири пенали, додека нивните противници само два што беше доволно играчите и навивачите да ја слават новата титула.

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Диме Андов од екипата на „Чифлик“. Наградите и признанијата на финалистите и на најдобриот играч им ги врачи Јоже Јованов советник во Општина Чешиново-Облешево.

С. Ивановски

DSCN9480

DSCN9601

DSCN9681

DSCN9746

DSCN9757

DSCN9751

DSCN9769

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари