Уште не стивнаа возбудувањата од искачувањето на „Мон Блан“ од страна на Борис Поп Горгиев и Лоранс Марков членови на ПСД „Москито“ од Кочани, кога уште еден планинар не направи гордо да се чувствуваме што сме негови сограѓани, Тошо Антов член ПСД „Осогово“ од Кочани минатиот месец во периодот од 04-16 се искачи на највисокиот врв во Европа на планината Кавказ, го освои „Елбрус“ (5.642 метри).

„На 4-ти Јули од Скопје заминавме за Белград поточно пристегнавме на аеродромот „Никола Тесла“ од каде утредента со експедицијата која броеше вкупно 17 планинари (6 од Македонија и 11 од Србија сите од различни планинарски клубови) предводена од Зоран Павловиќ – Пача член на ПК „Предејане“ (Република Србија) со авион заминавме за Москва, од каде пак продолживме за Минерални Води. Од овде продолживме до селото Терскоп (2.100 метри) во подножјето на врвот „Елбрус“, се сместивме во хотел и ги почнавме подготовките за освојувањето на врвот“.

Антов малку подзастана па ја продолжи својата сторија.

„На 6-ти Јули ја започнавме нашата прва аклиматизација, се искачивме на Топ Мали Чегет (3.500 метри) а веќе утредента почна искачувањето на највисоките делови на Кавказ. Најпрвин со жичарница се искачивме до Гарибаши (3.847 метри) каде се сместивме во контејнери – цистерни  за да истото попладне поради аклиматизација се искачивме до домот Пријут (4.050 метри) за да по сончево и убаво попладне се вратиме назад. Но тогаш за наша несреќа почнаа првите проблеми, времето се влоши, а преку ноќта постојано паѓаше снег. Утредента многу тешко, пробивајќи се низ снежните наноси одвај успеавме да се искачивме до Пријут, каде останавме во исчекување дека временските прилики ќе се подобрат и утредента поради аклиматизацијата ќе успееме да се искачиме до Пастухова Стена (4.800 метри). Она што го посакувавме се оствари, саботата беше еден убав сончев ден кој го искористивме за качување до планираната цел, но бидејќи воздухот беше редок качувањето одеше бавно, чекот по чекор. Дури по четири часа се искачивме на нашата зацртана цел, но и продолживме се до височина од 5.050 метри од каде врвот „Елбрус“ ти се чини многу блиску, но е сепак многу далеку“.

5

По кратката пауза Тошо со голема возбуда почна да го раскажува самиот финиш на искачувањето.

„Наредните два дена повторно се влошија временските прилики и бевме присилени да ги поминеме во хотелот. Но на 12 Јули (Вторник) беше најавено подобрување на временските услови. Тоа беше нашиот ден и решивме да го направиме она за што дојдовме. Најпрвин од Западен Елбрус кон зацртаната цел во 01:00 часот почнаа да се качуваат послабите и побавните а во 03:00 часот поспремните и побрзите планинари. По седум часа искачување по сончево но мошне студено време каде живата на термометарот се спушти и до -25°Ц а ветерот беше со брзина поголема од 90 км/ч конечно успеавме, го освоивме највисокиот врв во Европа, врвот „Елбрус“ (5.642 метри) кој се наоѓа на планината Кавказ. Студеното време ни дозволи само неколку минути да се чувствуваме највисоко во Европа, а по направените фотографии тргнавме во обратна насока, до домот Пријут.

6

Подвигот што го направивме го прославивме со скромен заеднички ручек а кога од Светската Планинарска Организација ги добивме Сертификатите за нашето искачување и освојување на „Елбрус“ сите видно расположени си тргнавме кон своите домови.

Овде Тошо Антов ја заврши својата сторија по што не остави да размислување какви се спортисти има во нашиот град, во Кочани.

По Димитар Цеков – Ѕекара, Симеон Тодоров – Моцо и Никола Христов – Мице, по Виктор Симовски, по Кирил Пенов – Пловка, по Борис Поп Горгиев и Лоранс Марков, и името на Тошо Антов ќе биде запишано со златни букви во богатата кочанска спортска историја, во богатата историја на кочанското планинарење.

Камо среќа да имаме што поголем број вакви спортисти, спортисти кои во ваквите зафати ќе ги помага и Локалната Самоуправа а не само да им служат за заедничко фотографирање кога ќе направат подвиг како овој што го направи Тошо Антов.

С. Ивановски

2

3

12

11

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари