На 01.08.2016 година околу 19:50 во Кочани, на ул. „9-ти Мај“, И.В.(40) додека се движел со неговото возило го пресретнал неговиот брат М.В.(37) и најпрво се нафрлил врз возилото, а преку отворениот прозор го фатил И.В по што почнал да го влече за раката со намера да го извади од истото.

Во тој момент И.В. се тргнал со возилото назад и го повлекол М.В. по што тој паднал и се здобил со тешка телесна повреда (скршеница на лева нога). Потоа И.В излегол од возилото и настанала меѓусебна расправија во која со повреди во пределот на главата се здобила и сопругата на М.В – Ц. В. (31).

М.В  бил пренесен  во МЦ Кочани, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во ГОБ-Скопје, а Ц.В. била пренесена во МЦ Кочани и била задржана на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари