Во склопот на годинешните „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2016“ освен турнирот во фудбал се одржа и турнир во шах.

На шаховскиот турнир годинава учествуваа четири екипи со по тројца натпреварувачи, а по интересни и неизвесни партии титулата во оваа конкуренција ја понесе Митко Петрушев од Чешиново кој успеа да ги победи сите свои противници.

По освоеното прво место, Петрушев титулата ја прослави со пријателите за време на фудбалскиот финален натпревар „Чешиново“ – „Соколарци“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари