Во периодот од 20 до 30 Јули 2016 година во Охрид се одржа „Меѓународен извиднички камп“ на кој зедоа учество околу 80 извидници од кои најголем дел од Македонија а имаше гости и од Франција и Босна и Херцеговина.

Скопје, Струга, Кичево, Куманово и Свети Николе се градовите во чие друштво беа и извидниците од Кочани.

ИО (Извиднички Одред) „Ластовица“ од Кочани го сочинуваа 6 ученици од основните училишта во Кочани:  Љупка Јорданова, Сандра Наумова, Георги Петров, Андреј Георгиев, Благој Соколов и Павел Соколов.

За време на десетдневниот престој тие имаа можност да поминат 3 дена во планинарење и кампување на планината Галичица, да поминат обуки за сплаварење, ориентација во природа и многу други корисни животни вештини.

На наредниот камп се очекува сите стекнати знаења и вештини да ги пренесат на своите другари од одредот, кои засега ги има во многу голем број.

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари