Се асфалтираат дефектите на улицата во месноста „Прокарка“.

„По забелешките што ги имавме на квалитетот на улиците во „Прокарка“, стапивме во разговори со изведувачот и со „Светска банка“ и тие направија испитувања на земјениот дел под улицата и на поставувањето на асфалтот. Оштетувањата на улицата во „Прокарка“ се предизвикани од земјените состојби, а не од квалитетот или дебелината на асфалтниот слој“ соопшти Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Според Димитровски, по асфалтирањето на оштетените делови повторно ќе се извршат испитувања, па се очекува до крајот на Август да биде завршена целокупната процедура.

unnamed (1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари